Комплетно реновирана Универзитетската Клиника за Ортопедски болести

По неколку децении,  комплетно е реновирана  Универзитетската Клиника за Ортопедски болести при Клиниката за ТОАРИЛУЦ Скопје.  Се работи за целосно реновирање на простор од 1.300 квадратни метри и тоа во делот на болничките соби, собите за интервенција, единицата  за интензивна нега и терапија, собата за анестезија, детскиот оддел и сите останати помошни простории. Реновирањето е…

Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ потпиша договор за соработка со Банката за крв и ткива од Барселона

Во склоп на одблежување на Европскиот ден за органодонорство и трансплантација, 10 октомври, Клиниката за ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, потпиша четири годишен договор за соработка со Банката за крв и ткива од Барселона, Шпанија со што се отвара ново поглавје од областа на трансплантационата медицина на коскените ткива во земјава. Во склоп…

НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СЕ НАПРАВЕНИ ТРИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА КОСКЕНИ ТКИВА

Изминатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни болести. За период од една година колку што Клиниката за Ортопедија е вклучена во Програмата за Трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се 5 експантации и 14…

Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја избира Европската жена на годината

Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја избира Европската жена на годината. Во изминатите 5 дена беа номирани пет импресивни жени за оваа награда од страна на пет амбасадорки во земјава. Др Маја Мојова Мијовска, Национален координатор за трансплантација на органи и ткива и Раководител на КАРИЛ, беше номинирана од страна на хрватската амбасадорка Нивес…

На Клиниката за Ортопедски болести е направена Прва трансплантација на лигамент од починат донор

 На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.…

Успешна година за коскената трансплантација во земјава

На Универзитетската Клиника за Ортопедски болести,  минатата година за прв пат се направени четири експлантации  на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава.  По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката…

Клиниката за Ортопедски болести го одбележува месецот на детското здравје

По повод месецот посветен на детското здравје, денес Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ во чиј склоп е и диспанзерот “Мајчин дом”, организираше креативна работилница за деца од градниката Срничка. Целта е преку низа превентивни прегледи кои во престојните недели ќе се организраат од страна на лекари од Клиниката, да се подигне свеста за превенција и навремено…

Оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ вчера беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија…

Направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор

На Клиниката за  ТОАРИЛУЦ, на седми септември беше направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор.Тимот на др Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска. Кај пациентката поради незараснување на скршеницата, настанат е коскен дефект од…

Клиниката за Ортопедски болести го одбележа месецот на борба со остеосаркомот

Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ на 27 јули го одбележа месецот на борба со остеосаркомот. На оваа клиника на која годишно се оперираат околу 150 случаи на малигни неоплазми на различни делови од мускулно скелетниот систем, годинава за прв пат беше направена трансплантација  на коскено ткиво од починат донор кај млада пациентка со остеосарком.…