На Клиниката за ТОАРИЛУЦ, на седми септември беше направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор.Тимот на др Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска. Кај пациентката поради незараснување на скршеницата, настанат е коскен дефект од околу 8 cm. Дефектот е пополнет со коскено ткиво од починат донор.
Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеци
беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.
Уште еднаш благодароност до семејството на донор за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата.
На пациентката и посакуваме брзо опоравување.