СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ

igor-merganoski

Ас. д-р м-р супспец. ИГОР МЕРЏАНОСКИ

Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ

Ас. д-р м-р супспец. Игор Мерџаноски е роден 1971 година во Гостивар. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде што завршил и специјализација по општа хирургија. Во 2018 година се стекнал со звањето супспецијалист по трауматологија. Тој исто така одбранил магистерски труд од областа Јавно здравје.

Д-р Игор Мерџаноски поседува повеќе од 20 години искуство применувајќи најсовремени пристапи и методи на работа во различни хируршки интервенции во согласност со модерната медицина. Своето работно искуство го стекнал на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, но исто така и низ клиники во Европа, меѓу кои Германија, Австрија и Турција. Долгогодишен член на AO Trauma организацијата и учесник на годишни конгреси во Хрватска, каде што бил и едукатор.

Од март 2026 година, Игор Мерџаноски е избран за претседател на МАДОТ – Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, професионално здружение на специјалисти од оваа област во земјата.

Д-р Игор Мерџаноски поседува лиценца за судско-медицинско вештачење. Исто така, тој е член на здравствени комисии во земјата каде што придонесува со современи решенија за развој и унапредување на здравствениот систем. Поседува силни менаџерски и преговарачки способности за организација на работа во клиничкиот сектор.

АС.Д-Р СУПСПЕЦ. ОЛИВЕР АРСОВСКИ

Раководител на Клиника за Трауматологија

БИОГРАФИЈА

Д-Р МАРТА ТРЕНЕВА НИЧЕВСКА

Раководител на Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување

Д–р Марта Тренева Ничевска е родена во Кавадарци,02.03.1978 година. Основно и средно образование завршила во Неготино. На Медицинскиот факултет во Скопје дипломирала во 2004 година.Специјализација по анестезиологија и реанимација на истиот факултет завршила во октомври 2017 година. Во 2019/20 година ги запишала докторските студии на Медицинскиот факултет во Скопје.По завршувањето на факултетот се вработува во ЈЗУ Здравствен дом Неготино (Брза помош) до ноември 2008 година, ЈЗУ Ургентен центар-Скопје 2008-2017 година,ЈЗУ ТОАРИЛУЦ OE КАРИЛ од 2017 година каде работи сè до денес.

Д-р Марта Тренева Ничевска е специјалист по анестезиологија и интензивно лекување, со искуство во општа и регионална анестезија, периферни блокови и третман на болка. Дел е од анестезиолошкиот тим за трансплантација на црн дроб, а од октомври 2025 година е болнички координатор за трансплантација.

Активно се усовршува во областа на регионалната анестезија, POCUS дијагностика, нутриција кај пациенти со малигни заболувања и постоперативна грижа. Член е на повеќе домашни и меѓународни стручни здруженија и има учествувано на бројни конгреси, работилници и едукативни настани, вклучувајќи меѓународни конференции во регионот и пошироко.

Д-Р СУБ.СПЕЦ. ДУРИМ АСАНИ

Раководител на Клиника за Ортопедски Болести

Д-р Дурум Асани е роден на 28.12.1991 година во Куманово. Основното образование го завршил во с. Слупчане, Куманово, а средното образование во гимназијата во Куманово.

По завршувањето на средното образование, д-р Дурим Асани високото образование го продолжил на Медицинскиот факултет во Скопје каде што се стекнал со назив доктор по општа медицина. Д-р Дурим Асани својата едукација ја продолжил како специјализант по ортопедија, при што во јуни 2024 година се стекнал со називот специјалист по ортопедска хирургија, како и со напредни знаења и клиничко искуство во областа на ортопедијата. Од август 2019 година, д-р Дурим Асани е вработен на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ, Клиника за ортопедски болести – Скопје, а за раководител на Клиниката за ортопедија е избран во август 2025 година.

Во моментов, д-р Дурим Асани ја продолжува својата едукација како докторанд на трет циклус на студии на Медицинскиот факултет, во рамки на клиничка област – ортопедија.

Д-Р СПЕЦ. ДЕЈАН ЗДРАВКОВСКИ

Раководител на Ургентен Хирушки Центар

БИОГРАФИЈА