- Ургентен хируршки центар Скопје
Ургентниот хируршки центар претставува единица на терциерна здравствена установа -Универзитетската Клиника за Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија и реанимација, Интезивно лекување и Ургентен Центар – Скопје. Лоциран е на 100м од главниот влез на Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Располага со посебен влез за итни случаи и приватен паркинг непосредно до Центарот, со што е овозможен лесен пристап на амбулантските возила, како и членовите на фамилијата на пациентите.
- Дејност на Ургентен хируршки центар
Ургентниот хируршки центар работи 24 часа, 365 дена во годината.
Претставува центар кој што згрижува пациенти со различен степен на телесни повреди, како и пациенти со живото-загрозувачки состојби. Преку својата дејност ги обединува сите хируршки гранки и ургентните состојби во нив и преку мултидисциплинарен пристап ги третира истите.
Според официјални податоци, во OE. УХЦ просечно се третираат 35.000 пациенти во текот на една година.
- УХЦ располага со:
- Влез за амбулантски возила
- Приемно одделение
- Соба за прегледи – амбуланта
- Соба за политрауматизирани пациенти
- ВИП соба за прегледи
- Соба за ЕХО томографија и ЕКГ мониторинг
- Рентген дијагностика
- Компјутерска Томографија
- Биохемиска Лабораторија
- Асептична сала
- Сала за имобилизација (гипсена и завојна имобилизација)
ИСТОРИЈАТ НА УРГЕНТЕН ХИРУШКИ ЦЕНТАР Скопје
ПРВО ФОРМИРАЊЕ (основање)
Од 1994 година -2007 година, Ургентен Хируршки Центар во Скопе како хируршки центар со (24ч.) дваесет и четири часовна покриеност на здравствените потреби за сите итни хируршки случаи на државно ниво е формиран и регистриран во месец ноември 1994 година (01.11.1994 година). Во тој период ургентниот хируршки центар функционира и работи во рамките на Хируршките Клиники односно, како составен дел од Хирургија-Заеднички Служби Скопје во Државниот Клинички Центар во Скопје.
Прв Директор на ново-формираниот Ургентен Хируршки Центар е Проф.др спец.трауматолог, Јордан САВЕСКИ и Главна медицинска сестра, Марија МИЛОШЕВИЌ.
ПЕРИОДИЧЕН РАЗВОЈ
До периодот на трансформацијата , со ургентниот хируршки центар раководеа:
– Проф.д-р спец. трауматолог, Бошко ГАВРИЛОВСКИ;
– Проф.д-р спец. неврохирург, Кирил ЛОЗАНЧЕ и
– Д-р спец.уролог, Михаил ПЕНЕВ .
По трансформацијата на Клинички Центар во 2007 година, ургентниот хируршки центар станува ЈЗУ Ургентен Центар. Во овие две години (до 2009 година) функционира и работи како самостојна јавна здравствена установа управувана од вд.Директор, М-р д-р Александар КИШМАН.
Во периодот од 2009 година до 2010 година со ургентен центар раководи и управува в.д Директор, Асс.др спец., Реџеп СЕЉМАНИ се до август 18.08.2010 година кога истиот е назначен за в.д.Директор Ј3У Университетска Клиника за трауматологија ,оргопедски болести, анестезија ,реанимаицја и интензивно лекување и ургенген центар-Скопје.
Во месец Август, 2010 година (на 18.08) Ургентниот Центар, од самостојна Јавна Здравствена Установа, станува дел од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Т – 2018 година во месец август (на 18.08.) ургентниот центар од самостојна Јавна Здравствена Установа станува дел од Ј3У Универзитетска Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимаицја и интензивно лекување и ургенген центар – Скопје, како Организациона Единица на истиот, управувана од страна на Асс. Д-р спец. трауматолог Илир Хасани, каде он максимално придонесува кон организирање на ургентната служба, ургентното дијагностицирање и ургентното згрижување на акутно хирушки болни во нормални услови и во услови на масовни случувања.
Во моментот, ургентен хируршки центар функционира како организаиона единица, раководена од Д-р спец Алберт ЛЕШИ, специалист по анестезиологија со интензивно лекување, во состав на ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Скопје.