На Клиниката за Ортопедски болести е направена Прва трансплантација на лигамент од починат донор

 На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.…