Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ потпиша договор за соработка со Банката за крв и ткива од Барселона

Во склоп на одблежување на Европскиот ден за органодонорство и трансплантација, 10 октомври, Клиниката за ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, потпиша четири годишен договор за соработка со Банката за крв и ткива од Барселона, Шпанија со што се отвара ново поглавје од областа на трансплантационата медицина на коскените ткива во земјава. Во склоп…

НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СЕ НАПРАВЕНИ ТРИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА КОСКЕНИ ТКИВА

Изминатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни болести. За период од една година колку што Клиниката за Ортопедија е вклучена во Програмата за Трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се 5 експантации и 14…

На Клиниката за Ортопедски болести е направена Прва трансплантација на лигамент од починат донор

 На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.…

Успешна година за коскената трансплантација во земјава

На Универзитетската Клиника за Ортопедски болести,  минатата година за прв пат се направени четири експлантации  на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава.  По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката…

Комплетно реновирана Универзитетската Клиника за Ортопедски болести

По неколку децении,  комплетно е реновирана  Универзитетската Клиника за Ортопедски болести при Клиниката за ТОАРИЛУЦ Скопје.  Се работи за целосно реновирање на простор од 1.300 квадратни метри и тоа во делот на болничките соби, собите за интервенција, единицата  за интензивна нега и терапија, собата за анестезија, детскиот оддел и сите останати помошни простории. Реновирањето е…

Обраќање до сите вработени и соработници на ТОАРИЛУЦ

Почитувани,   Ви се обраќам во најтешки моменти за нашата држава и за нас како здравствени работници. Ви се обраќам како ваш директор, како Ваш соработник/колега и како член на нашето големо семејство.  НИЕ, здравствените работници, се наоѓаме на прва одбрамбена линија во борба со овој вирус, којшто на глобално ниво има многу непознатици! Затоа треба да бидеме свесни и да се…

Информација COVID19

Во согласност со препораките, упатствата и овластувањата на Министерот за Здравство и Владата на РСМ, а со цел намалување на шрирење на актуелната пандемија со COVID-19, ја информираме јавноста дека: Се редуцира оперативниот програм само на итни и неодложни оптеративни интервенции, во ТОАРИЛУЦ и тоа: Клиниката за Трауматологија, Клиниката за Ортопедски Болести, КАРИЛ и Ургентен…

Соопштение

37 годишна пациентка повредена во сообраќајна, е со тешки телесни, живото загрозувачки повреди, крварење во мозокот, хоспитализирана е во единицата за интензивно лекување, и во моментот е на апарат за дишење во критична состојба.

Управата на ТОАРИЛУЦ со реакција до „Здравство.мк“: Секој доктор може да креира упат и на ниту еден доктор не му е одземено тоа право

Управата на ТОАРИЛУЦ најостро реагира до редакцијата на „Здравство.мк“ за текстот „Ургентен центар во ХАОС!!! Специјалисти без право на упат, пациентите без „рушвет“ неможат да дојдат до КТ или МР“, објавен на 01.07.2019 година во 18:16 минути. Неточна е информацијата дека во последните две недели со наредба им се земени ингеренциите на докторите специјалисти и…

Соопштение

По сообраќајната незгода на автопатот Скопје-Тетово во попладневните часови на 13.02.2019 година, на Универзитетската клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар примени се вкупно осум повредени, на возраст од 20 до 40 години, меѓу кои и трудница. По мобилизирањето на повеќе екипи од  анестезиолози, хирурзи, медицински сестри, инструментарки и…