Мисија на Универзитетската клиника

Мисијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е вршење на  дејности од јавен интерес-здравствена, образовна и научно истражувачка дејност во една единствена функционална целина.

Во рамките на здравствената дејност на Универзитетската клиника се  укажува здравствена заштита на терцијарно ниво и тоа како специјалистичко-супспецијалистичла амбулантска и болничка здравствена заштита од областа на трауматологијата, ортопедските болести, анестезијата, реанимацијата и интензивно лекување и лекување на ургентни случаи од делокруг на хируршката дејност и тоа стручно и професионално, со почитување на позитивните прописи кои ја регулираат  дејноста и законските начела за вршење на истата.

Во рамките на образовната дејност Универзитетската клиника учествува во спроведување на студиски програми на Медицинскиот факултет Скопје  на додипломски, постдипломски и докторски студии  , стручно и професионално согласно со позитивните прописи кои ја регулираат дејноста и согласно со општите акти на Медицинскиот факултет Скопје и врши усовршување на здравствени работници согласно со прописите од областа на здравствената заштита.

Научноистражувачката дејност Универзитетската клиника ја врши како функционална целина со здравствената и образовната дејност преку изработка на научно истражувачки програми самостојно или во соработка со други домашни или странски субјекти.

 

Визија на Универзитетската клиника

Визијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е продолжување на вршење на  здравствената дејноста од јавен интерес со постојано зголемување на истата како по обем со укажување на поголем број на здравствени услуги, така и  по квалитет со воведување на нови методи и техники на лекување и со подигање на квалитетот во секој сегмент од работењето преку прифаќање на Стандардите за квалитет и нивно инплементирање, со што ќе се допринесе во севкупниот напредок на дејноста.

Визијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е продолжување на вршење на  образовната и научноистражувачката дејноста од јавен интерес со постојано квантитативно зголемување на истата ,  и  со постојано подигање на  квалитетот  со цел  квалитетно едуцирање на студентите и спроведување на квалитетно стручното усовршување на здравствените работници, со тежнение за постојано збогатување на наставните програми со новите научни сознанија во областа на медицината и продуцирање на кадри со солидни научни знаења и потребни практични компетенции.

Визијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е развивање на научноистражувачката дејноста на Универзитетската клиника и нејзино применливост  во практицирање на здравствната заштита.