СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ

Ас. д-р супспец. АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ

Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ

Д-р Александар Трајановски е роден на 03.12.1980 година, во Скопје.

Во 2006 година дипломира на  Медицинскиот факултет  во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2008 година започнува со приватна специјализација по ортопедија.

Во 2011 година започнува со работа на Универзитетска клиника за Ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ  Скопје.

Во 2012 година се здобива со звањето специјалист ортопед. Во 2013 година  добива стипендија за  едномесечен едукативен престој за артроскопија на колено и рамо во болницата  Аџибадем Истанбул, Турција.

Д-р Александар Трајановски едукацијата ја продолжува со стипендија и едномесечен едукативен престој на истата област во Универзитетскиот Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија   во 2015 година.

Во 2016 година го започнува III циклус на докторски студии по медицина на Медицинскиот Факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, С.Македонија. Во периодот од 2017 до 2019 година ја завршува субспецијализацијата по трауматологија Медицинскиот Факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, С. Македонија и се здобива со звање субспецијалист трауматолог.

Активно е вклучен во работата на повеќе стручни комисии  на Универзитетска клиника за Ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ  Скопје.

Д-р Александар Трајановски  е лиценциран судски вештак во областа ортопедија и трауматологија.

Учествува како член во  национален научен проект: “Трауматски повреди во северозападна Македонија – Епидемиологија и третман.

Д-р Александар Трајановски  е член и на Македонско Ортопедско Трауматолошко Друштво МАДОТ.

Во  Октомври 2020 година е назначен  за вршител на должност – медицински директор на  ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.

Доц. д-р АРСИМ АЗИРИ

Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ

Д-р супспец. ДАЉИП ЈАХЈА

Раководител на Клиника за Ортопедски Болести

Доц. д-р супспец. ИЛИР ХАСАНИ д-р сци.

Раководител на Клиника за Трауматологија

Д-р Илир Хасани е роден 23.05.1977 година во Куманово, каде завршил основно и средно образование. На Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се запишал во учебната 1994/95 година, а дипломирал во 2001 година, со среден успех 8,8. По завршениот задолжителен лекарски стаж се вработил во Приватната здравствена установа „Зана“ како доктор по општа практика. Од 2003 година волонтирал на Клиниката за трауматологија во Скопје, каде што бил активно вклучен во секојдневната практика. На Клиниката за трауматологија се вработил во 2004 година. Со звањето специјалист по општа хирургија се здобил на 27.6.2008 година.Во 2006 бил избран за помлад асистент, во 2011 за асистент, а во 2015 година бил избран за асистент-докторанд на Медицинскиот факултет по предметот хирургија.

Од 2009 до 2010 ја вршел функција в.д. директор на Клиника за ортопедски болести при Клинички центар-Скопје . Во 2009 година бил избран за национален преставник на Здружениот медицински комитет при НАТО силите. Во Јуни 2010 година бил именуван за заменик кординатор на хируршки клиники со Ургентен центар, КАРИЛ и Клиника за ортопедски болести. Во периодот од 2011 до 2017 година ја имал функцијата раководител на Ургентниот хируршки центар каде максимално придонесува кон организирање на ургентната служба, ургентното дијагностицирање и ургентното згрижување на акутно хируршки болни во нормални услови и во услови на масовни случувања. Од 2017, e именуван за в.д директор на ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје. Во 2017 бил именуван за Национален советник на Министерот за здравство.

Во Март 2018та, ги заврши докторските студии по пбласта Трауматологија на Коскено-зглобниот систем на Медицинскиот Факултет во Скопје.

2018та година ја заврши и субспецијализацијата по трауматологија, со што стана субспецијалист Трауматолог.

Има учествувано на повеќе конгреси, симпозиуми и други стручно-научни собири од меѓународен и од национален карактер како поканет предавач и е автор и коавтор на повеќе трудови кои се рецензирани во списанија и билтени на конгреси и симпозиуми.

Одлично го познава англискиот јазик, со меѓународно признат сертификат од универзитетот во Кембриџ. Има познавање на германскиот јазик и поседува исклучителни компјутерски вештини.

Член е на Македонското лекарско друштво, Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, Ao Alumni association, AO Spine Association, Црвениот крст на РМ и активен член на SICOT (Société Internationale de Chirurgie Orthopédique et de Traumatologie).

Д-р спец. МАЈА MОЈСОВА MИЈОВСКА д-р сци.

Раководител на Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување

Раководител на одделение за анестезија и реанимација во урологија

Доц. Д-р Маја Мојсова Мијовска е родена на 2 фебруари 1971 година во Скопје. Во 1996 година започнува со волонтирање на Клиниката за Анестезија Реанимација и Интензивно лекување. Во 1999 година започнува со приватна специјализација по анестезија со интензивно лекување. Во 2001 година се вработува на истата клиника.2003 год се сздобива со звање специјалист анестезиолог. Турнусот по анестезија во кардиохирургијата од траење од 2 месеци го завршува во Малта во St. Luke’s Hospital Маја Мојсова Мијовска во 2003 година се здобива со стипендија од Владата на Израел (WFSA Committee of Education) од траење од 1 месец во Медицинскиот Центар Сорока на одделот за анестезија и интензивно лекување под супервизија на Проф. Др. Габриел Гурман.Во пероидот од октомври 2009 до март 2010 година ја завршува три неделната школа спонзорирана од Светската и Европската Асоцијација на Анестезиолози наречена Teaching the teachers каде се здобива со диплома инструктор по анестезија. Во 2011 година аплицира за стипендија за едукација за болнички координатор за трансплантација на Astellas ISODP/TTS ( интернационална асоцијација за органодарителство ) и следната година се здобива со истата. Во наредните години е активна во делот за развивање на трансплантацијата од починат донор во Македонија Во 2014 година станува шеф на одделот за Анестезија во Урологијата. Во 2015 година ја завршува напредната школа за болнички координатор на Универзитетот во Барцелона под покровителство на TPM ( Transplant Procurement Management) и се здобива со европска диплома за болнички координатор. Во декември 2016 ja брани својотa докторска дисертација на тема” Улогата на целниот централен венски притисок (ЦВП) врз раната функција на графтот кај бубрежна трансплантација од жив донор”.
Во Декември 2017 e поставена за раководител на Клиниката Анестезија,Реанимација и Интензивно Лекување. Во август 2018 год. е поставена за Национален координатор за трансплантација од страна на Владата на Р. Македонија. Во септември 2018 е избрана за доцент на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Гоце делчев -Штип

Д-р спец. АЛБЕРТ ЛЕШИ

Раководител на Ургентен Хирушки Центар

Д-р Алберт Леши, е роден на 05.06.1977 во Дебар, каде завршил основно и средно образование. Студиите по медицинa ги запоцнува во 1996 и дипломира во 2002 при медицинскиот факултет на Универзитетот во Тирана Р.Албанија. Oд јули 2002 до октомври истата година волунтира при медицинскиот центар во Дебар,  Од октомври 2002 година работи како лекар по општа медицина во центарот за физикална и рехабилитациона медицина во дебарски бањи. Во 2005 се вработува во клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при клиничкиот центар во Скопје,  во 2006 год започнува со специализација по Анестезиологија со Интензивно лекување која ја завршува во 2010 и се здобива со звање специалист по Анестезиологија со интензивно лекување. Од 01.10.2012 е распореден на работно место раководител на отсек за неонатална анестезија во детска хирургија на ОЕ КАРИЛ. Од 2013 е дел од проектот на МЗ за неонатална кардиохирургија во соработка со International Children`s Heart Foundation, од мај до август 2014 и август –ноември 2015 година е дел од анестезиолошкиот тим на Farwanija Hospital-State of Kuwait,во текот на 2015 година, во траење од еден месец престојува во Cerrahpasa Faculty of medicine, Istanbul university Р.Турција под менторство на Prof. Yalim Dikmen, во моментот е кандидат за докторски науки во школата за докторски студии при УКИМ под менторство на Проф. Андријан Карталов. Од август до ноември 2017 година раководи со КАРИЛ, од декември 2017 е поставен за раководител на Ургентниот хируршки центар. Во 2016 е избран како преставник во собрание на Лекарска комора на македонија од редовите Хируршки клиники при кампусот на клиники „Мајка Тереза„ истата година е избран за член на ивршниот одбор на Лекарска Комора на Македонија.

УПРАВЕН ОДБОР

Д-р супсцпец. ИЛИР ШАБАНИ д-р сци.

Претседател на Управен Одбор

Доц. д-р супспец. АЛЕКСАНДАР САВЕСКИ д-р сци.

Внатрешен член на Управен Одбор

Д-р спец. ФЕРИТ МУХАРЕМИ

Надворешен член на Управен Одбор

Д-р Ферит Мухареми основно образование има завршено во ОУ „Моша Пијаде“ во Гостивар. Првите две години од средното образование ги завршува во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар, додека третата и четвртата година во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово. Во 1998 година завршува општа медицина на Универзитетот во Тирана, Албанија, кадешто поминува и волонтерски стаж на Одделот за хирургија. Во периодот 1998-2004 година практицира и работи како доктор во болницата „Борис Канчевски“ во Гостивар, со полските мобилни болници на Норвешкиот црвен крст и невладината организација „Доктори без граници“ во кампот за бегалци во Чегране, во приватна ординација за општа медицина, како и двегодишна постдокторска истражувачка работа на Одделот за интегративна биологија и фармакологија во медицинското училиште на Универзитетот Тексас во Хјустон, САД.
Во периодот 2004-2008 година завршува специјалистички студии по општа хирургија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2008 година се вработува како општ хирург во Клиничката болница во Тетово, кадешто е сé уште вработен. Во периодот 1998-2009 година партиципира на национални и интернационални научно-медицински конференции и семинари, како и со авторски и ко-авторски прегледи во медицинскoто списание MEDICUS.
Во 2009 година посетува едномесечен тренинг на Hirschlande Clinic во Цирих, Швајцарија.
Во моментот е на субспецијализација по трауматологија на Универзитетската клиника за трауматологија – Скопје.

Дипл.ек. Кристијан Илиевски

Надворешен член на Управен Одбор

Датум и место на раѓање  10.05.1970 Прилеп Р.Македонија

Образование: 31.08.2009  УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”БИТОЛА

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИЛЕП

Работно искуство : ОКТОМВРИ 1998-НОЕМВРИ 2015 “ТУТУНСКИ КОМБИНАТ” АД ПРИЛЕП

Опис на работно место: Девизно работење, референт за акциза и надворешно трговско работење

Од 2004 – 2008 година -ПРЕТСЕДАТЕЛ И ДИРЕКТОР НА РАКОМЕТЕН КЛУБ  “ТУТ-КОМ” ПРИЛЕП

НОЕМВРИ 2017-ЈУЛИ 2018 – ВД.ДИРЕКТОР НА ЈКП “ПАЗАРИ” ПРИЛЕП

Ошис на работно место:

–          Директорот на јавното претпријатие го обезбедува спроведувањето на одлуките и заклучоците на управниот одбор, учествува во спроведувањето на основите на програмата за работа и развој, учествува во утврдувањето на критериуми за користење и располагање со средствата остварени со работењето на јавното претпријатие, врши усогласување на деловната активност на јавното претпријатие и врши други извршни работи во врска со работата и работењето на јавното претпријатие утврдени со статутот.

Дипл.инг. БОБАН БОЈКОВСКИ

Надворешен член на Управен Одбор

Дaтум на раѓање:  07 Фебруари 1968

Образование: дипл. инж. технолог

Институција: Универзитет „Св. Кирил и Методи„ Скопје

Датум: 1988-1994

Титула  Дипломиран инженер технолог (B.Sc.) по органско базно полимерно инженерство

Вработен во локална самоуправа Општина Куманово

Еколошко Друштво ЛИПА – Куманово,

  • Член на Советот за животна средина во ЗЕЛС (Заедница на Единиците на Локални Самоуправи) во Македонија – Постојана анализа и следење на имплементирање на Законот за животна средина, Закон за управување со отпад, Закон за заштита од бучава, Закон за пакување и отпад од пакување, Закон за води, Закон за заштита на амбиентниот воздух, Закон за батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори,
  • Како експерт- претставник на ЗЕЛС во NALAS (мрежа на Асоциации на Единици на Локални самоуправи на земјите на Југоисточна Европа) учесник во изработка на SWIS model (Solid Waste Information System) и проектот за Landfill Assessment (Анализа на постоечката регулатива од областа на заштита на животната средина и ситуационата анализа во управување со отпад.
  • Член на управувачкиот комитет на UNDP GEF Small Grants Program во Република Македонија
  • Член на управувачки комитет на IPA проект на МЖСПП – Подготовка на регионални планови за управување со отпад за Североисточен и Источен плански регион
  • Член на управувачки комитет на IPA проект на МЖСПП – Preparation of technical and tendering documentation for closure, rehabilitation and after care of municipal non-compliant landfills and dumpsites in East and North-East Regions
  • Член на управувачко тело на Платформа за Рурален Развој на Североисточен Плански Регион
  •  Член на управувачки комитет на IPA проект на МЖСПП – Preparation of project studies (FSs, EIAs, CBAs) design and tender documentation for establishing an integrated and financially self-sustainable waste management system in East and North-East Regions.

Од 13 Мај 2003 до 19 Мај 2003 – учесник на 5-тата Министерска Конференција на ЕУ за Животна средина која се одржа во Киев,Украина, како член на официјална делегација од Македонија.