ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е основана со Одлука бр. 51-4511/1 од 31.07.2010г. донесена од Владата на РМ објавена во Сл.весник на РМ бр.105/2010г., и е заведено во Централниот регистар на РМ со Решение со дел.бр.30120100036289 од 18.08.2010г. со што Универзитетската клиника стекна целосен правен субјективитет.
Раководната функција ја извршуват Д-р. суб.спец. Александар Трајановски, в.д.медицински директор именуван со Решение од Министерството за здравство.
ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје е организирана во четри основни организациони единици и две служби, и тоа:

  • Клиника за Трауматологија
  • Клиника за Ортопедски Болести
  • Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување
  • Ургентен Хирушки Центар

–     Служба за административно кадрово, правно и општо техничко работење и
–     Служба за економско-сметководствено работење

Во состав на погоренаведените организациони единици се организирани оддели како внатрешни функционални единици основани и организирани со цел за вршење на дејноста на Универзитетска клиника.
ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје со ден 31.12.2017г. вработува 463 вработени.
Универзитетската клиника располага со 145 регистрирани болнички кревети и следните просторни капацитети за вршење на здравствената дејност, и тоа:

– ОЕ Клиника за трауматологија простор од 1401 м2 со две операциони сали, капацитет на болнички постели 37 и 5 болнички постели во Спиналниот центар
– ОЕ Клиника за ортопедски болести простор од 6164 м2 со четри операциони сали, капаците на болнички постели 73
– ОЕ КАРИЛ простор 1175 м2 со капацитет на болнички постели 24
– ОЕ Ургентен центар простор 592 м2 и со капаците од 6 болнички постели