Универзитетска клиника за ортопедски болести Скопје
Клиниката за ортопедски болести, како една од најмладите клиники на Медицинскиот факултет, e основана на 8 ноември 1956 година со решение на Факултетската управа на Медицинскиот факултет, а решението е потврдено на 10 јануари 1957 од Советот на Универзитетот во Скопје. 8-ми ноември 1958 е датумот кој е званично одбележан како датум на формирање на Клиниката за ортопедски болести во Скопје.
Клиниката за ортопедски болести во Скопје е најголема здравствена установа од овој вид во Република Македонија и во текот на своето постоење се разви во национален, регионален и интернационален центар за дијагностицирање и лекување на болести и повреди на коскено-зглобниот систем кај деца и возрасни. Истата се наоѓа на две локации и е составена од Клиника А и Клиника Б. Стационарниот дел има 73 болнички легла (без да се бројоат и леглата во одделенијата во „Мајчин Дом“) и 10 легла на интензивна нега, распределени во 13 одделенија во кои годишно се лекуваат околу 2500 пациенти. Во нив, со најсовремени методи и пристапи се оперираат просечно околу 1800 пациенти годишно.
Како развиени и афирмирани субспецијалистички дејности треба да се набројат следниве:
– превенција, рана дијагноза и лекување на конгениталната дисплазија на колкот со ултразвучна дијагностика,
– ултразвучна дијагностика на локомоторниот апарат,
– хируршко лекување со биолошка реконструкција на разни форми на конгениталната луксација
на колкот,
– имплантација на цементни и бесцементни тотални протези на колкот,
– имплантација на тотални протези на коленото и другите зглобови,
– ревизиона хирургија на колк и колено,
– зглобна трауматологија со артроскопска дијагностика и хирургија,
– тумори на остеоартикуларниот систем,
– реконструкција на дланка и подлактица,
– остеоартикуларна трансплантација со современа коскена банка,
– реконструкција на вродени и стекнати деформитети на стапалото.
Со подобрувањето и проширувањето на кадровската структура, Клиниката започна да се занимава со некои фундаментални и апликативни научно-истражувачки проблеми од доменот на пономоторниот систем како што се:
– теоретски и апликативни биомеханички испитувања на локомоторниот систем, a особено на
детскиот колк,
– биолошки реконструкции на детскиот колк, а особено при конгениталната дисплазија на колкот,
– фундаментални и апликативни проблеми кај тоталните протези на колкот,
– фундаментални и апликативни проблеми нај тоталните протези на коленото и другите зглобови,
– апликативни проблеми со користење на нови модуларни имплантати кај ревизионата
ендопротетика,
– проблеми и примена на структурелни коскени трансплантати во реконструктивната хирургија,
со организација на современа коскена банка,
– дијагностички и апликативни проблеми кај коскените тумори,
– дејствување на коскениот цемент врз коскеното ткиво на целуларно ниво,
– анализа на одот во пред и постоперативниот период кај пациенти со лигаментарна
трансплантација.
Bо последните неколку години на Клиниката се спроведоа и неколку здравствено научни проекти како:
– орална тромбопрофипакса – ХАМОХ кај пациенти оперирани со ендопротетска замена на колк и колено која траеше 2 години
– безбедноста на ампулата BONVIVA кај пациенти со остеопороза.
Во последните неколку години на Клиниката вградени се:
– првите тотапни ендопротези на скочниот, ремениот и лактниот зглоб,
– вградени се голем број специјално-дизајнирани туморски ендопротези на колк, натколеница,
колено, потколеница и рамо,
– изведени се спасувачки оперативни интервенции,
– направени се трансплантации и реконструкции со васкуларна фибула, артродези со Сammpanaci, како и хемипелвектомии и интрахумероскапулоторакални ампутации.
– во делот на артроскопската хирургија последните години се воведени повеќе артроскопски техники како: артроскопска реконструкција на предниот вкрстен лигамент (сите постоечки техники) , артроскопска реконструкција на рамото при рамена нестабилност, артроскoпска
хирургија на скочен зглоб. артроскопска асистенција кај остеохондралните фрактури на
коленото и скочниот зглоб со примена на мини инвазивна хирургија,
– современ третман на зглобната ‘рскавица – мозаик пластика, ПРП. ПРГФ,
– современ третман кај пателарната нестабилност,
– Рonseti третман кај деца со вродени аномалии на стапалото (Pes equinovarus).
Клиниката за ортопедски болести во својата работа користи високо диференцирани методи за
дијагностицирање на болестите и повредите на локомоторниот апарат, кои се тренд во современата медицина. Како пример ја истакнуваме широко прифатената ЕХО сонографска дијагностика за рано детектирање на развојните аномалии на детскиот колк и други мекоткивни заболувања.
На Клиниката постои Hologic QDR Explorer, или коскен дензитометар, кој се употребува за мерење и проценка на коскената минерална содржина и густина, за споредба на мерењата со референтните бази на податоци за проценка на ризик од фрактури. за анализа на составот на телото и за мерење на перипростетичната коскена минерална густина.
Во моментов во просториите на Клиника Б, основан е центарот за остеопороза каде што покрај
дензитометријата на пациентите, еднаш месечно се одржуваат и предавања за остеопорозата со цел да се подигне нивото на здравственото воспитување на пациентите.