По повод месецот посветен на детското здравје, денес Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ во чиј склоп е и диспанзерот “Мајчин дом”, организираше креативна работилница за деца од градниката Срничка. Целта е преку низа превентивни прегледи кои во престојните недели ќе се организраат од страна на лекари од Клиниката, да се подигне свеста за превенција и навремено откривање на болестите на локомоторниот систем во детска возраст. Клиниката за Ортопедски болести е единствена здравствена установа во која покрај превентивни прегледи, се прават и најсложените ортопедски операции кај децата.
Во склоп на одбележување на месецот на детското здравје, во наредниот период ќе се организраат низа превентивни прегледи и предвања поврзани со деформитетите на скелетниот систем кои се појавуваат во детскиот период, нивна превенција, навремено откривање и лекување.
– На Клиниката за Ортопедски болести во објектот “Мајчин дом” во населбата Аеродром работат четири амбуланти каде месечно се прегледуваат од 500 до 800 деца со проблеми на локомоторниот систем. На годишно ниво тоа се околу 7.000 прегледи од кои 50 отсто се превентивни прегледи на колкови кај деца, а другата половина се прегледи на деца со поставени дијагнози за низа деформитети и повреди на скелетниот систем- вели професор Зоран Божиновски, ортопед од Клиниката.
Најчести дијагнози кои се третираат на Клиниката за ортопедски болести се конгениталните или вродени аномалии, делумно или целосно исчашување на колковите, рамни и извртени стапала, деформитети на рбетен столб, малигни болести и други болести.
– Десет проценти од овие дијагнози бараат понатамошен третман на Клиниката за ортопедски болести. Годишно во оваа установа се прават околу 160 операции кај мали деца. Од неодамна реновиран е посебен оддел каде се сместени децата во кои се оперираат на Клиниката – објаснува д-р Милена Богојевска Доксевка, лекар од Клиниката за ортопедија.
Инаку, во просториите на Мајчин дом има оддел за физикална терапија каде се третираат деца кои имаат потреба од вежби.
– Настанот на Клиниката за ортопедија е уште една можност за нова средба на мечето Лино со неговите најмлади обожаватели. Низ интерактивни анимации и игра децата заедно со Лино беа дел од одбележување на Месецот на детското здравје. Маскотата на брнот Лино и компанијата Подравка продолжуа и за новите генерации да биде најпозната икона и симбол на здраво и весело детство- велат од компанијата Подравка.