Изминатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни болести. За период од една година колку што Клиниката за Ортопедија е вклучена во Програмата за Трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се 5 експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со серизони болести предзивикани од трауматски повреди или малигна болест.
– Минатата недела кај тројца пациенти е направена трансплантација на коскено ткиво од починат донор. Кај 16 годишна девојка со руптура на преден вкрстен лигамент на лево колено, здобиена при спортски натпревар, за да се намали морбидитетот при земање на автографт од пациентката, Др Алан Андоновски употреби алографт од починат донатор за реконструкција на предниот вкрстен лигамент. Пациентката е веќе испишана од болница и е во добра општа состојба. Кај 49 годинишен пациент повреден при пад од 10 метри во септември 2020, кој е опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, употребена е коска од починат донатор за премостување на несраснатиот дел на фрактурата. Операцијата ја направи доктор Александар Савески. Третата трансплантација е кај 37 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком на десна бутна регија. Откако е отстранет заболениот дел на коската, др Резарат Далипи го замени со коскено ткиво од починат донатор- објаснува др Милена Богојевска Доксевска, Координатор за трансплантација од Клиниката за ортопедски болести.
Др Александар Трајановски, директор на Клиниката заТОАРИЛУЦ, заедно со раководителот на Клиниката за ортопедија Јахја Далип, Координаторот за трансплантација Др Милена Богојевска Доксевска и тимовите за трансплантaција на Клиниката, во изминататa година направија значителен исчекор во областа на трансплантацијата на коскени ткива.
– Горд сум на тимот лекари од Клиниката за ортопедија кои го поддржаа овој проект и го видоа бенифитот кој го имаат пациентите по направената трансплантација. Во изминатата година трансплантацијата на коскено ткиво од починат донор за прв пат заживеа на нашата клиника и со тоа отвориме ново поглавје во ортопедијата. За многу пациенти со малигна болест и со трауматски повреди ова значи можнот за подобар живот. И тоа е всушност она што е најважно за мене како директор и за целиот тим кој го работи ова изминатава година. Секако благодараност до сите семејства на донорите за нивната хуманост – вели др Трајановски.