Клиниката ТОАРИЛУЦ со големо задоволство го одбележа пуштањето во употреба на новиот апарат за дензитометрија – ДЕКСА СКЕН, современа технологија која овозможува прецизна, брза и безбедна дијагностика.
Оваа нова опрема претставува значаен чекор напред во унапредувањето на здравствената заштита, особено во делот на превенцијата, раната детекција и навременото лекување на заболувања како што е остеопорозата.
Со воведувањето на ДЕКСА СКЕН апаратот, клиниката ќе може да понуди поквалитетна услуга, поголема сигурност и подобра здравствена грижа за своите пациенти.
Од Клиниката ТОАРИЛУЦ изразија благодарност до сите кои придонесоа за реализација на овој проект, особено до Владата на Република Македонија, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.








