На Клиниката за Трауматологија успешно се изведуваат оперативни интервенции кај пациенти со сколиоза, согласно најсовремените светски стандарди и протоколи. Нашиот тим посветено работи на обезбедување најдобар можен третман и подобар квалитет на живот за пациентите.
Раното дијагностицирање е клучно!
Редовните прегледи и навременото откривање на деформитетите на ’рбетот овозможуваат поуспешна интервенција, побрзо закрепнување и значително подобри резултати во лекувањето.
Апел до родителите:
Не чекајте симптомите да се влошат. Доколку забележите неправилно држење на телото, асиметрија на рамената или искривување на ’рбетот кај вашето дете, обратете се кај нас за дополнителни прегледи и стручен совет. Нашите специјалисти ќе ви дадат насока за понатамошниот третман и следење.
Интервенциите кај овие пациенти се успешни, а Клиниката продолжува да вложува во современи методи, стручност и грижа за секој пациент.









