Др.Спец. Доневски Иво – специјалист по ортопедска хирургија
Своите студии ги започнува во 2003 година на Медицински Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј- Скопје.
Во 2010 започнува со специјализација по ортопедија, а во 2015 година со положувањето на специјалистичкиот испит станува специјалист по ортопедска хирургија.
Во 2011 се вработува на Универзитетската Клиника по Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија и реанимација, Интезивно лекување и Ургентен Центар – Скопје како специјализант по ортопедија.
Во 2018 година започнува со субспецијализација од областа на Трауматологијата на остеоартикуларен систем.
Во текот на образовната надоградба и своето работно искуство посетува голем број на стручни собири и конгреси од областа на Ортопедијата,Трауматологијата и останати медицински потреби
Моментално е активен член во :
- Лекарска Комора на Македонија
- МАДОТ,
- ЕФОРТ,
- АО- Траума и
- Македонско Лекарско Друштво.
Активно зборува англиски јазик и пасивно германски.