Министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ го пуштија во употреба новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација. Фрижидерот е добиен преку Проектот за мали грантови на Амбасадата -Оваа донација е особено важна за нас поради тоа што годинава за прв пат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор.Мило ми што Германската амбасада и амбасадорката Холштајн ја препознаваат нашата заложба за постојано подобрување на здравствениот систем и се наши парнери во неколку значајни проекти – изјави министерот Филипче.