Почитувани,
Ви се обраќам во најтешки моменти за нашата држава и за нас како здравствени работници. Ви се обраќам како ваш директор, како Ваш соработник/колега и како член на нашето големо семејство.
НИЕ, здравствените работници, се наоѓаме на прва одбрамбена линија во борба со овој вирус, којшто на глобално ниво има многу непознатици! Затоа треба да бидеме свесни и да се соочиме со вистината. Ние треба да бидеме пример за нашето општество и за граѓаните на оваа земја, затоа што сите очи во моментот се вперени во нас.
Kако менаџмент, правиме максимални напори во обезбедување на материјали за заштита на вработените, како и материјали за работа во овие многу тешки моменти и досега сме успешни во тоа. Моментално наидуваме на екстремно разбирање од страна на Владата на РСМ и министерствата, како и со сите државни и приватни институции со кои имаме соработка, сé со цел да се надмине предвидената, а тешко предвидливата состојба, којашто со сигурност нема да не поштеди и нас.
Ви стојам на располагање ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ за секој проблем или нејасна ситуација, слободно да се обратите до мене или до раководителите, затоа што правиме и ќе правиме натчовечки напори за да се биде и помине во најдобар ред и најбезболно по секого.
ВЕ МОЛАМ ДА СЕ ВОЗДРЖИМЕ ОД НЕПОТРЕБНИ КОМЕНТАРИ, да се задржи достоинството и интегритетот на здравствениот работник и да си помагаме едни на други во овие тешки времиња. Би препорачал да не станеме дел од ширењето на непотребни и неточни информации, затоа што тоа не му треба на нашето општество и нашата поблиска околина во овие тешки моменти.
Придонесете секој со свои можности да помогнете во непречено одвивање на работниот процес, а не да одмогнете. .
Нé очекува тежок и непредвидлив период.
Со почит,
Илир Хасани.