По сообраќајната незгода на автопатот Скопје-Тетово во попладневните часови на 13.02.2019 година, на Универзитетската клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар примени се вкупно осум повредени, на возраст од 20 до 40 години, меѓу кои и трудница. По мобилизирањето на повеќе екипи од анестезиолози, хирурзи, медицински сестри, инструментарки и помошно-технички персонал, врз четворица од пациентите веднаш се извршени хируршки интервенции и во моментов се наоѓаат на КАРИЛ, двајца од нив во критична состојба. Двајца полесно повредени пациенти, по направените иследувања и поставената индикација за конзервативен третман, на нивно барање, пуштени се на домашно лекување, додека трудницата, по 24 часовна опсервација на Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, префрлена е на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Во текот на претпладневните часови на 14,02,2019 од Клиничката болница Тетово, трансфериран е уште еден пациент со повреди на ’рбетен столб и граден кош, кој се наоѓа во стабилна општа состојба.
Во утринските часови е поставена повторно индикација за оперативна интервенција на пациентот со торакална повреда, и истиот во моментов на пишување на ова соопштение, се наоѓа во операциона сала.