На 31.12.2018год во просториите во Клиниката за Ортопедски Болести, имаше свечено отварање на три комплетно реновирани операциони сали со највисоки стандари. Во настанот беа присутни Министерот за Здравство Венко Филипче, заменик Министерот за Здравство Асим Муса, Државниот секретар на Влада на РМ Драги Рашковски, Министерот за Образование Арбер Адеми, Директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, други директори и здравствени работници.
Илир Хасани, во својство на директор на Клиниката за Трауматологија, Ортопедија, Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување и Ургентен центар, им посака добредојде на присутните и им ги презентираше активностите за реновирање и опремување на операционите сали. После посетата на новите Операциони сали, изјава за Медиумите дадоа Министерот за здравство Венко Филипче, Директорот на ТОАРИЛУЦ Илир Хасани, како и Раководителот на Клиниката за Ортопедски Болести Виктор Камнар.
Настанот беше обележан со позитивна атмосфера, голем број на присутни и проследен со предновогодишен коктел за присутните.