Во период од 3ти до 6ти Декември, на официјална посета на Клиниката за Трауматологија беше Проф Уфук Ајдинли од Бруса,
Во склоп на работата на Спиналниот центар – Клиника за Трауматологија на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – Скопје, планирано и реализирано беше гостување на проф. д-р Уфук Ајдинли – ортопедски хирург од Bursa, Турција во месец Декември, 2018 година.
Официјалната посетата на нашата Клиника беше подржана од страна на Министерството за Здравство, како и од страна на Лекарската Комора на Република Македонија.
Во текот на престојот во Клиниката за Трауматологија, беа извршени специфични оперативни пристапи, методи и техники на работа во трауматологијата и ортопедијата, особено во спиналната хирургија. Со помош на проф. д-р Ајдинли беа извршени осум оперативни интервенции, од кои корекција на тешки адолешентни сколиози, полтеролатерален пристап на тораколумбален рбет при третман на фрактури и тумори на рбетот, како и оперативна ресекција на коскен тумор на карлицата. Хируршките интервенции беа континуирано следени со апарат за периоперативен невромониторинг.
Освен оперативните интервенции, престојот во Клиниката беше проследено и со теоретска настава за специјализанти и студенти.
Консултациите,дискусиите и советите во однос на пошироки проблематики, видовите и можностите за третман при конкретни состојби во областите на
трауматологијата и ортопедијата, добиени од лице со големо искуство од областа, беа од значаен бенефит и помош за вработените на нашата клиника.