По една недела работа со полн капацитет, новите комплетно реконструирани операциони сали на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ секојдневно ја потврдуваат својата вредност.
Во изминатите денови, голем број пациенти успешно ги добија потребните хируршки интервенции во современи услови, со највисоки стандарди за безбедност, квалитет и ефикасност. Нашата најголема цел е секој пациент да добие навремена, сигурна и квалитетна здравствена услуга.
Оваа значајна инвестиција, реализирана со поддршка од Владата на Република Македонија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, претставува инвестиција пред сè во здравјето, безбедноста и достоинството на пациентите.
Како директор на Клиниката, изразувам искрена благодарност до Владата на Република Македонија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за поддршката и довербата, како и до целиот медицински и немедицински персонал кој секојдневно, со знаење, професионалност и посветеност, се грижи за здравјето на нашите пациенти.









Нашата обврска останува иста – секој пациент да добие современ, безбеден и квалитетен третман, во услови какви што заслужува.
Ас. д-р м-р супспец. Игор Мерџаноски
Супспецијалист по трауматологија
Директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ


