Прва трансплантација на коскено ткиво од починат донор кај пациент со малигна болест

На Клиниката за Ортопедски болести на 27 април беше завршена првата трансплантација на коска од починат дарител која траеше пет часа. Тимот хирурзи предводен од проф. др. Милан Самарџиски и др. Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува…

Пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ го пуштија во употреба новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација. Фрижидерот е добиен преку Проектот за мали грантови на…

Пуштен во употреба реновираниот Блок А на Клиниката за ортопедија

По цели  70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на  Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти  со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите…

На Клиниката за Ортопедски болести направена прва експлантација на коскени ткива од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести на 17 април, за прв пат во историјата на македонското здравство e направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација,…

Обраќање до сите вработени и соработници на ТОАРИЛУЦ

Почитувани,   Ви се обраќам во најтешки моменти за нашата држава и за нас како здравствени работници. Ви се обраќам како ваш директор, како Ваш соработник/колега и како член на нашето големо семејство.  НИЕ, здравствените работници, се наоѓаме на прва одбрамбена линија во борба со овој вирус, којшто на глобално ниво има многу непознатици! Затоа треба да бидеме свесни и да се…

Информација COVID19

Во согласност со препораките, упатствата и овластувањата на Министерот за Здравство и Владата на РСМ, а со цел намалување на шрирење на актуелната пандемија со COVID-19, ја информираме јавноста дека: Се редуцира оперативниот програм само на итни и неодложни оптеративни интервенции, во ТОАРИЛУЦ и тоа: Клиниката за Трауматологија, Клиниката за Ортопедски Болести, КАРИЛ и Ургентен…

Соопштение

37 годишна пациентка повредена во сообраќајна, е со тешки телесни, живото загрозувачки повреди, крварење во мозокот, хоспитализирана е во единицата за интензивно лекување, и во моментот е на апарат за дишење во критична состојба.

Управата на ТОАРИЛУЦ со реакција до „Здравство.мк“: Секој доктор може да креира упат и на ниту еден доктор не му е одземено тоа право

Управата на ТОАРИЛУЦ најостро реагира до редакцијата на „Здравство.мк“ за текстот „Ургентен центар во ХАОС!!! Специјалисти без право на упат, пациентите без „рушвет“ неможат да дојдат до КТ или МР“, објавен на 01.07.2019 година во 18:16 минути. Неточна е информацијата дека во последните две недели со наредба им се земени ингеренциите на докторите специјалисти и…

Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 6 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во критична состојба. Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба,…

Соопштение

По сообраќајната незгода на автопатот Скопје-Тетово во попладневните часови на 13.02.2019 година, на Универзитетската клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар примени се вкупно осум повредени, на возраст од 20 до 40 години, меѓу кои и трудница. По мобилизирањето на повеќе екипи од  анестезиолози, хирурзи, медицински сестри, инструментарки и…