Прва трансплантација на коскено ткиво од починат донор кај пациент со малигна болест

На Клиниката за Ортопедски болести на 27 април беше завршена првата трансплантација на коска од починат дарител која траеше пет часа. Тимот хирурзи предводен од проф. др. Милан Самарџиски и др. Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува…

Пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ го пуштија во употреба новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација. Фрижидерот е добиен преку Проектот за мали грантови на…

Пуштен во употреба реновираниот Блок А на Клиниката за ортопедија

По цели  70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на  Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти  со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите…

На Клиниката за Ортопедски болести направена прва експлантација на коскени ткива од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести на 17 април, за прв пат во историјата на македонското здравство e направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација,…