Асс. Д–р Весна Милошевска Јакимовска
Родена во 1980 г. во Битола каде завршува гимназиско-математичко средно образование. Завршува Медицински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (1998-2004). Потоа работи како матичен лекар 9 месеци. Волонтирала 4 месеци во Институт за белодробни заболувања кај децата- Козле. Волонтирала на Клиника за Kардиологија 3 години во период кога е специјализант по Интерна медицина. Во Ургентен Центар се вработува во 2008 година. Завршува специјализација по Општа хирургија (2010-2014). Од 2015 година запишува Докторски студии на Медицински Факултет на UiO, Осло, Норвешка. Од истата година е избрана за Асистент на Медицинскиот Факултет на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Член е на МАДОТ,ISCoSи NOSCoS. Од 2017 година започнува супспецијализација по Трауматологија на локомоторен систем.Одлично го владее англискиот јазик, а делумно италијански и норвешки јазик.